Мурињо му се поклони на Марадона

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо го посети местото во Неапол кое е посветено на легендарниот Диего Марадона, и положи свежо цвеќе.

Португалскиот тренер овој гест го направи пред натпреварот на својот клуб против Наполи во рамките на Серија А.

Мурињо во повеќе наврати има потенцирано дека тој и Марадона беа големи пријатели и имаа високо почитување еден за друг. Со овој гест тој доби големо аплаузи од присутните навивачи и граѓани на самото место.