Мурињо: Немаше да дојдам во Турција да ми ја кажеа вистината на судискиот систем

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо ја критикуваше арбитражата во првенството по натпреварот од 11. коло од турската Суперлига со Трабзонспор (3-2).

„Ја обвинувам управата на Фенербахче што ме донесе овде, ми кажаа само половина од ситуацијата овде. Да ми ја кажаа целата приказна за судиската ситуација, немаше да дојдам овде! Јас не сум Турчин, вие сте Турци, не оставајте ја оваа судиска ситуација вака“, рече Мурињо по натпреварот со Трабзонспор.

По 11 одиграни натпревари, Фенербахче е на второто место на табелата во турското првенство со 23 бода. Трабзонспор по ист број одиграни натпревари се наоѓа на 11. место со 12 бода.