Мурињо: Не знам што виде ВАР, но ваков пенал не се суди

Жозе Мурињо за „Ток Спорт“ изјави дека Англија е заслужено во финалето, на Вембли победи подобриот тим, но за Мурињо пеналот е непостоечки.

Португалецот е разочаран што е досуден ваков пенал, но смета дека подобриот тим победил на вчерашното полуфинале во Лондон.

„Како човек од фудбалот сум разочаран што беше досуден пенал за Стерлинг, веројатно англиските фанови нема да се согласат со мене, но тоа никогаш не е пенал. Победи подобриот тим, но на вакво ниво, во полуфинале на Европско првенство, не можам да ја сфатам одлуката на судијата. Главниот судија не смее да спие мирно.“ – изјави Мурињо.