Мурињо не се помирува со елиминација од ЛШ на неговата Бенфика

Бенфика загуби со 1-0 во Лисабон од Баер Леверкузен во четвртото коло од Лигата на шампионите. По четири кола, тимот на Жозе Мурињо има ист број порази со гол-разлика од 2-8. Токму гол-разликата ја прави разликата помеѓу претпоследната Бенфика и последниот Ајакс, кој исто така е на нула бодови, но со гол-разлика од 1-14.
Сепак, Мурињо верува дека Бенфика може да се пласира во плејофот за нокаут фазата.
„Јас сум поголем оптимист од тоа. Никој нема да ме убеди дека сме елиминирани. Математиката е многу јасна – остануваат 12 бода во игра, а ни требаат околу девет. Математиката вели дека е можно, но не само тоа. Овој натпревар ме убеди дека можеме да ги добиеме натпреварите што ни се потребни.
Имаме уште два натпревари до крајот на календарската година, и ако ги добиеме двата, целосно сме во игра за да продолжиме понатаму. Лигата на шампионите е највисокото ниво на европскиот фудбал. Денес, противникот беше тим кој не создаде ниту шанса, ризикуваше ништо… но тоа е многу високо ниво. Со три стопери вредни милиони и со многу квалитет“, рече Мурињо. .
Мурињо пристигна во Бенфика на 18 септември и досега го предводеше клубот во 11 натпревари. Тој забележа 6 победи, два нерешени резултати и три порази.
Во Лигата на шампионите, тој ја предводеше Бенфика во поразите против Челзи (1-0), Њукасл (3-0) и вчерашниот 1-0 против Баер. Во преостанатите четири кола од Лигата на шампионите, Бенфика ќе игра против Ајакс во Амстердам, Наполи во Лисабон, Јувентус во Торино и Реал Мадрид во Лисабон.