Мурињо: Никогаш полошо не сум почнал една сезона

Жозе Мурињо изјави дека го има својот најлош почеток на една
сезона откако е менаџер. Тоа се случи откако Рома загуби со 4-1 од
Џенова во натпревар од италијанската Серија А синоќа. „Ова е мојот
најлош почеток на сезона како менаџер. Сепак, мислам дека Рома
никогаш не била во две последователни европски финалиња“, изјави
Мурињо.
Рома има само една победа од шесте првенствени натпревари досега,
а зголемената листа на повреди дополнително предизвикува
проблеми, особено во одбраната.
„Кога ни недостасуваат одредени играчи, ни недостасува цврстина.
Но, да се тврди дека лошата одбрана е резултат на отсуството на овој
или оној играч не е точно“, вели Специјалниот.