Мурињо: Оваа Рома мора да игра подобро

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, се осврна на вчерашната победа во Лига Европа на теренот на Шериф. Португалецот кој уште ја одработува казната од УЕФА, мораше да го следи мечот од трибините.

„Не ми се допадна првото полувреме, бевме премногу бавни и немаше агресивност. Првиот гол го постигнавме среќно а потоа не направивме ништо иако ја контролиравме играта. Во вториот дел ми се допадна реакцијата на тимот кога Шериф изедначи. Заслуживме да победиме“, изјави „специјалниот“.