Мурињо отфрли можност Роналдо да пристигне во Истанбул

Кристијано Роналдо не доаѓа во Фенербахче, тоа нема да се случи. Имаме тројца добри напаѓачи и не ни треба уште еден, изјави „специјалниот“ кој во својот состав ги има Един Џеко, Ченк Тосун и Јусеф Ен-Несири.

Португалците Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо соработуваа успешно три сезони во Реал Мадрид, а турските медиуми пишуваа за интересот на Мурињо да го доведе Роналдо во Фенербахче. Сепак, ништо нема да излезе од тоа, како што потврди тренерот на турскиот великан.

„Кристијано Роналдо не доаѓа во Фенербахче, тоа нема да се случи. Имаме тројца добри напаѓачи и не ни треба уште еден“, изјави „специјалниот“ кој во составот ги има Един Џеко, Ченк Тосун и Јусеф Ен-Несири.

„Кристијано секогаш ќе биде Кристијано, но јас не сакам да се случи оваа зделка бидејќи сум задоволен со моите напаѓачи.

Мурињо на шега го прокоментира и интересот на Роналдо да дојде во Фенербахче.

„Тој заработува многу пари во Саудиска Арабија и си постави за цел да постигне 1.000 голови. Што може да го мотивира да дојде покрај убавината на Истанбул?“, рече португалскиот тренер и додаде дека не му се допаѓа јануарскиот преоден рок бидејќи на играчите им треба време да се приспособат.

Тимот на Мурињо е на второто место со 32 бода, три помалку од водечкиот Галатасарај.