Мурињо по третпат седнува на клупата на Челзи
Се појавија информации дека Жозе Мурињо не е најзадоволен во Рома и гледа понуди од Англија каде што некогаш ги водеше Челзи, Јунајтед и Тотенхем.
Мурињо не бил задоволен затоа што е свесен дека американските сопственици немаат намера да вложуваат повеќе во Рома. Португалецот со „волчицата“ ја освои Конференциската лига, оваа година играат ЛЕ и ги чека Салзбург во елиминационата фаза.
Исто така во трка се и во купот на Италија каде што ќе бидат фаворити против Кремонезе. Треба да се знае дека Рома има „отворен“ пат до финалето затоа што во финалето би играле со подобриот дуелот помеѓу Фиорентина и Торино.
Но, Мурињо сака повеќе, борба за титула, големи вечери во Лигата на шампионите…Со буџетот во Рома тоа е тешко остварливо.
Затоа сега се појавија информации дека би можел да се врати во Премиер лигата и тоа во Челзи. Наводно, Жозе преку својот агент Мендеш го известил Челзи дека е заинтересиран да работи на „Стенфорд Бриџ“ .