Мурињо пред отказ, Де Роси ќе биде негова привремена замена

Сопствениците на Рома наводно не се задоволни со играта и
резултатит под водство на Жозе Мурињо и му спремаат отказ на
португалскиот стратег.
„Спортмедиасет“ пренесува дека веќе во клубот имаат идеја кој
би можел да го наследи, Даниеле Де Роси. Ваквата информација
се појави по двата порази на Рома од градскиот ривал Лацио (1-0)
и Милан (3-1).
Она што посебно треба да ги загрижува во Рома се резултатите
против екипите кои се борат за излез во Европа. Од 24 можни
бодови во тие натпревари, Рома освои само шест.
Де Роси за Рома играше од 2001 до 2019 година, а вкупно настапи
на 616 натпревари и постигна 63 голови, асистираше за 60. Исто
така беше дел од италијанската репрезентација која го освои
Светското првенство во 2006 година.