Мурињо сака да ја засили Рома со Родриго Де Пол
Шпанскиот весник АС пишува дека аргентинскиот играч за врска на Атлетико Мадрид, Родриго Де Пол е трансфер цел на Рома.
Според информациите, тренерот на Рома Жозе Мурињо инсистира да го привлече 28-годишниот фудбалер за да го засили тимот после успехот со освојувањето на Лигата на конференциите.
За Де Пол интерес покажуваат и калчолигашите Милан и Наполи.
Аргентинецот минатата сезона за Атлетико постигна 4 гола и 2 асистенции на 48 натпревари. Неговиот договор со клубот од Мадрид е до 30 јуни 2026 година.