Мурињо: Уште утре би се вратил на тренерската работа
Португалскиот стратег Жозе Мурињо, изјави дека е подготвен да започне со работа штом се појави соодветна понуда.
„Сакам да бидам тренер, се надевам дека ќе се вратам многу скоро. Работењето во Рома беше неверојатно затоа што стигнавме до две европски финалиња за две години во клуб кој никогаш претходно не го постигнал тоа. Сега треба да го чекам вистинскиот момент. Подготвен сум да почнам да тренирам ако е можно уште утре, но не сакам да донесам лоша одлука“, изјави Мурињо.