Мурињо ќе остане верен на Рома уште една сезона

Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо нема да ја напушти Рома во текот на летото иако за неговите услуги се заинтересирани францускиот Париз Сен Жермен и англискиот состав Њукасл.
60-годишниот тренер одлучил да остане во римскиот клуб барем до летото во 2024 година кога ќе му истече договорот. „Специјалниот“ седна на кормилото на „римската волчица“ во 2021 година и успеа да ја освои Конференциската лига.
Неговиот тим во сезонава во Серија А се наоѓа на петото место на табелата и се бори да обезбеди виза за Лигата на шампионите.