Муса потпиша нов договор со Реал Мадрид

Кошаркарот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса и во следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид откако официјално го продолжи договорот со шпанскиот гигант и за сезоната 2024/25.
Муса кој во минатото настапуваше и за Цедевита, Бруклин Нетс, Анадолу Ефес и Бреоган е дел од Реал Мадрид од 2022 година период во кој освои пет титули: две во Суперкупот на Шпанија, една титула во шпанското првенство, Купот на Шпанија и Евролигата.