Мусети го освои турнирот во Лион

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети го победи Американецот Тејлор Фриц во финалето во Лион со 6-3 и 6-4. Мечот траеше 1 час и 24 минути. 

Италијанецот сервираше четири аса, не направи двојни грешки и реализираше две од четири брејк топки. 

Американецот погоди шест аса, не направи двојни грешки и не реализираше брејк топки.

Дваесет и четиригодишниот Мусети ја освои својата трета титула на АТП во поединечна конкуренција и прва од 2022 година, кога освои турнири во Неапол и Хамбург.