Мусети како Синер: Го откажа учеството на Дејвис Купот во Болоња

Италијанската машка тениска репрезентација ќе биде дополнително ослабена за финалето на Дејвис купот, кое ќе се игра во Болоња следната недела, откако по Јаник Синер, настапот го откажа и Лоренцо Мусети.

Синер и Мусети, во моментов рангирани на второто и деветтото место во светот, лани ѝ ја донесоа титулата на Италија. Сепак, Синер пред две недели објави дека ќе го прескокне овогодишното финале, а денеска за италијанскиот тренер Филипо Воландри дојде нов непријатен удар по откажувањето на Мусети.

На местото на Мусети во италијанскиот состав е повикан Лоренцо Сонего (АТП. – 45), кој ќе настапи заедно со Флавио Коболи и Матео Беретини во поединечна конкуренција и Андреа Вавасори и Симоне Болели во двојки.