Мусиала е фудбалер на годината на минхенски Баерн
Џамал Мусиала е прогласен за најдобар играч на сезоната од навивачите на Баерн со 46% од гласовите.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите навивачи кои гласаа за мене за играч на годината. Чест ми е што ме препознаваат во толку силен тим. Се надевам дека ќе можам да продолжам во истиот дух и да ви донесам радост“, изјави Мусиала на официјалната веб-страница на клубот.
Во сезоната 2022/2023, Џамал Мусиала учествуваше во 47 натпревари за германскиот клуб, на кои постигна 16 гола и даде 13 асистенции. Овој резултат му овозможи на фудбалерот да стане најдобар стрелец и најдобар асистент на клубот од Минхен.
Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт е 110 милиони евра. Актуелниот договор на Мусиала е до 30 јуни 2026 година.