Мусиала има фрактура на раката, ќе прескокне неколку зимски натпревари

Џамал Мусиала има фрактура на коска на раката и најверојатно ќе ги пропушти последните два натпревари на Баварците пред зимската пауза во Бундеслигата, објави германскиот шампион.

Баерн до крајот на календарската година ќе се соочи со Штутгарт и Волфсбург. Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, објасни дека учеството на Мусиала на двата меча ќе зависи пред се од тоа колку болка чувствува 18-годишниот офанзивен играч за врска и дали операцијата или третманот ќе бидат поконзервативни.

Против Штутгарт, Баерн може да остане без уште двајца играчи од средниот ред – Леон Горецка и Корентин Толисо, кои исто така се опоравуваат од повредите. Воедно, австрискиот играч за врска Марсел Забицер денеска продолжи со тренинзите и наскоро повторно ќе му биде на располагање на Нагелсман. Во следниот натпревар Баерн сигурно ќе биде без Џошуа Кимих и Ерик Максим Чупо-Мотинг кои се заразените со коронавирус, како и без Јосип Станишиќ, кој има скинат мускул на левиот бут.