Мусиала ќе биде во комбинација за дуелот на Баерн со Штутгарт

Џамал Мусиала нема да биде во составот на Баерн за првиот натпревар од новата сезона во Бундеслигата против Штутгарт.
Иако е планирано младиот ас постепено да се приклучува на тимските тренинзи, тренерскиот персонал и медицинскиот тим немаат намера да преземаат никакви ризици, па затоа отворањето на првенството во петок е сè уште прерано за 23-годишниот напаѓач.
Деталните прегледи покажаа дека двата инциденти се резултат на невролошка дисфункција, односно таканаречени „напади на отсуство“ кои предизвикуваат краткотрајни прекини на свеста. Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, потврди дека клубот знае за овој проблем и дека тој трае долго време.
“За ова знаеме од минатата сезона и тоа ни стана секојдневна рутина. Благодарение на добро прилагодената терапија, Џамал ги држеше нападите под контрола. Сепак, неодамна малку ја намали дозата на лекови, па сега мора повторно да ја зголемиме“- објасни Еберл.
По двата колапси против Лајпциг и Хајденхајм, медицинскиот тим на клубот веднаш ја прилагоди терапијата за да го врати Мусиала во стабилна состојба без понатамошни напади. Со оглед на тоа што новата доза на лекови обично трае помеѓу 10 и 14 дена за да го постигне својот целосен ефект, претпазливоста е од најголема важност.