Мускулна повреда на Гонзало Рамош, Милан неколку недели без Португалецот

Португалскиот напаѓач заработил мускулна повреда на листот на ногата и нема да патува со тимот за гостувањето кај Борнмут. Медицинските прегледи ќе ја откријат сериозноста на повредата.

Милан се соочува со нов кадровски проблем пред гостувањето кај Борнмут во Лига Европа, откако Гонсало Рамош заработил повреда на денешниот тренинг.

Според информациите на „Скај Спорт“, португалскиот напаѓач почувствувал мускулно преоптоварување во пределот на листот на ногата за време на утринскиот тренинг. Поради повредата, тој нема да биде во комбинација за натпреварот во Англија.

Рамош во четврток наутро ќе ги помине деталните медицински прегледи, по што ќе биде познато колку е сериозна повредата и колку долго ќе мора да паузира.