Муслера го одведе Естудијантес во финалето на Копа Либертадорес

Естудијантес и Палмеирас ќе играат во финалето на Копа Либертадорес за оваа сезона.
Аргентинскиот тим го елиминираше Фламенго, актуелниот владетел на Јужна Америка, по подобро изведување на пенали. Двата натпревари завршија 0-0, а херој на победата на тимот од Ла Плата е 40-годишниот голман Фернандо Муслера.
Уругваецот ги одбрани ударите на Жоржињо, Пакета и Енрике во пенал рулетот и го водеше својот тим до триумф од 3-2 и пласман во натпреварот за титулата. Ден претходно, Палмеирас го елиминираше Флуминенсе во бразилското полуфинале, иако загуби со 1-0 во вториот натпревар. Тимот од Сао Паоло го доби првиот натпревар со 3-0.
Естудијантес последен пат беше континентален шампион во 2009 година, а Палмеирас во 2011 година. Последните седум трофеи ги освоија тимови од Бразил.