Муслин Бајрак се приклучи кон потенцијалните купувачи на Челзи
Турски бизнисмен објави дека е многу блиску до комплетирање на зделката за купување на Челзи.
Станува збор за Муслин Бајрак, кој е претседател на AB Group Holding компанијата, која инвестира во многи сфери во енергетиката, градежништвото, туризам и бродоградетелство.
„Преговараме со адвокатите на Роман Абрамович. Веќе сме во фаза каде што недостасуваат уште потписи. Многу скоро ќе го развееме турското знаме во Лондон. Оваа зделка ќе биде многу важна за Турција. Нашите адвокати се во контакт со Абрамович уште од првиот ден кога стана јадно дека ќе го продава клубот“, додаде турскиот бизнисмен.
Компанијата на Бајрак има и други инвестиции во Лондон, како и Италија, Шпанија и Грција.