Муслиу: Добро ги познаваме Ерменците, но мора да се намачиме

Македонската фудбалска репрезентација синоќа почна со првите тренинзи во пресрет на трите квалификациски меча кои не очекуваат во наредните денови. Под водство на новиот селектор Благоја Милевски, репрезентативците почнаа со подготовка на стратегијата за првиот ривал, селекцијата на Ерменија.

Еден од столбовите во нашата одбраа, Висар Муслиу, во очекувањ ена дуелот со Ерменците изјави:

„Среќен сум што сум дел од оваа репрезентација. Првите три натпревари во квалификациите за СП 2022 беа според планот со бодовите, но треба уште да се подобриме во следните средби. Мора да се прилагодиме на плановите и на идеите на новиот стручен штаб, но тоа мислам дека многумина од нас го знаат, затоа што сме работеле со Милевски и за брзо време ќе биде се како што треба. Прв натпревар ќе ни биде Ерменија, секоја година играме со овој ривал во изминатиот период. Ги имаме анализирано повеќе пати, но мора да покажеме на терен што и како умееме“, изјави Муслиу.