Мусовски со гол го спаси Сиетл од пораз

Македонскиот репрезентативец, Даниел Мусовски со својот прв сезонски гол го спаси Сиетл Саундерс од пораз во пресметката со Сан Диего во МЛС лигата.

Мусовски доби шанса во второто полувреме кога домаќините бркаа негатива од 1-0, а неговото влегување се покажа како вистински потег затоа што во 80 се најде на вистинското место и стрелаше за конечни 1-1.

Дени и компанија со 21 бод се на четвртото место во западната конференција.