Мустафица го напушти Работнички по само шест месеци

Кошаркарскиот состав на Работнички ја прекина соработката со интернационалецот од БИХ, Недим Мустафица.

Еден од најдобрите играчи на тимот од Градски парк си заминал поради неподмирени финансиски обрвски од страна на раководството.

Мустафица во досегашниот дел од сезоната имаше просек од 15 кошеви, 8,8 освоени топки под обрачите и 1,7 асистенции.