Муту: Ќе ја освоев „Златната топка“ ако не беа проблемите со кокаинот

Легендарниот Адриан Муту вели дека најголема грешка му било тоа што шмркал кокаин, и смета дека лесно ќе ја освоел „Златната топка“ доколку работите се одвивале поинаку.
Адриан Муту во август 2003 направи трансфер во Челси вреден 22,5 милиони евра и беше дел од револуцијата што се случуваше на Стемфорд Бриџ под капата на новиот газда Роман Абрамович.
Но една година подоцна, авантурата на Романецот во Лондон се претвори во кошмар, беше позтивен на допинг тест.
„Тоа што шмркав кокаин кога бев во Челси е најголемата грешка која ја направив во кариерата. Бев осамен и тажен, но ниту мојата депресија не треба да бие оправдување за постапките“.
„Требаше да побарам помош и не го сторив тоа. Сепак, учите од се во животот и таа лекција ме направи подобар човек, многу позрел и посвесен. И горд сум на тоа.
Многупати имам размислувано што можеше да се случи доколку не шмркав кокаин, едно време бев помеѓу најдобрите во светот и лесно можев да ја освојам „Златната топка“. Но одлуките ме однесоа на друг пат“, рече Муту.