Мухамед Туркмен е нов претседател за развој во ФК Вардар
Вардар објави дека Мухамед Туркмен е избран за нов претседател за фудбалски развој во ФК Вардар на кој што му се доверуваат идните стратегиски планови додека останатата структура во клубот останува непроменета.
Мухамед Туркмен е роден во 1986 година во Орду и студиите ги завршува на Факултетот за спортски науки на Универзитетот Мармара со значителен успех. Во својата кариера има настапувано за Фенербахче и Анкарачугу и уште неколку тимови во Турција како и за сите младински категории на Турција. По завршувањето на активната кариера започнува како помошник тренер на Јилмаз Вурал, а подоцна како аналитичар и скаут со УЕФА А лиценца со која што се стекнува со големо искуство во развојот на фудбалот.
Како што најавивме клубот има план да ги оствари зацртаните идни цели за кои што мора да има финансиски стабилна конструкција и стратегија за одржлив развој на нашиот клуб. Поради оваа причина, новиот претседател најавува дека сите финансиски планови и зацртани цели за стабилност на клубот кои се подготвени и предвидени ќе стапат на сила со новиот стил на управување на клубот кој што го најавивме во изминатиот период.
Плановите за наредната сезона се враќање во првата лига и борба за трофејот во Купот на Македонија додека на среден рок плановите се освојување на титулата и излез на европската сцена.