Мхитарјан одби да се пресели во Саудиска Арабија

Фудбалерот на Интер, Хенрих Мхитарјан ја отфрла можноста да се пресели во Саудиска Арабија, вели дека не го интересираат парите.

Во последните неколку години, Саудиска Арабија е омилена дестинација за многу фудбалери, бумот почна кога Кристијано Роналдо повлече нога и се пресели во Ал Наср.

Па секој трансфер период, звучни имиња од Европа се на мета на клубовите од Саудиска Арабија, кои не штедат пари за да се промовираат преку фудбалот.

Сепак, петро-доларите не го интересираат Хенрих Мхитарјан, фудбалерот на Интер ја отфрла можноста да се пресели во Саудиска Арабија.

„Имам уште една година од договорот и доколку не ми удрат клоца, останувам. Не сакам да се пензионирам и потоа да се каам дека прерано сум се повлекол. Веројатно Интер ќе ми биде последен клуб, сакам да заминам на голема врата“ – вели популарниот Мики.

„Нема да се вратам во ерменскиот фудбал, ниту пак ме интересира Саудиска Арабија. Со сета почит, јас ја сакам фудбалската игра – не парите. Кога ќе се разбудам, сакам да тренирам и да покажам колку вредам“.