Набил Фекир го продолжува договорот со Бетис

Шпанските медиуми информираат дека екипата на Бетис е пред продолжување на договорот со играчот од средниот ред Набил Фекир.

Новиот договор на францускиот интернационалец со клубот од Севиља би бил со важност до 2026 година.

28-годишниот Фекир пристигна во Бетис од екипата на Лион во 2019 година и се наметна како еден од најдобрите поединци во екипата. Претходно тој беше многу блиску до трансфер во англискиот гигант Ливерпул.

Според Трансфермаркт моменталната вредност на играчот се проценува на 25 милиони евра.

Сезонава во зелено-белиот дрес на Бетис тој настапи на 19 натпревари, постигна 4 гола и 4 асистенции.