Наби Кеита на крајот од сезоната заминува од Ливерпул
Британските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Ливерпул, Наби Кеита на крајот од сезоната ќе си замине од Енфилд поради фактот што англискиот клуб нема намера да го продолжи договорот со репрезентативецот на Гвинеја.
28-годишниот Кеита пристигна во Ливерпул во 2018.година како големо засилување, кое клубот го чинеше 60 милиони евра, а на 30.јуни ќе си замине како слободен играч без обештетување.
Тој за пет години престој во тимот на Енфилд одигра 129 натпревари и постигна 11 гола.