Навивачите на Ливерпул незадоволни со коментарите од Микел Артета за освоената титула

Ливерпул официјално беше крунисан шампион на Премиер Лигата по комотната победа од 5-1 над Тотенхем минатиот месец, со само 82 бода на таблата. За споредба, Арсенал собра 89 бодови минатата сезона и 84 претходната, и двете кампањи завршија со разочарување бидејќи Манчестер Сити ја освои титулата над нив. 

Артета ја сподели својата перспектива за предизвикот на освојување трофеи и рече: „Ќе се обидеме да успееме оваа сезона. Освојувањето трофеи е да се биде во правиот момент, на правото место. Ливерпул ја освои титулата со помалку поени одколку што ние имавме во минатите сезони. Со бодовите од последните две сезони, би имале две титули во Премиер Лигата.

Под водство на Арсен Венгер, Арсенал беше вториот омилен тим за многу љубители на фудбалот, нивниот слободен стил на игра ги привлече неутралните. 
 
Сегашниот тим и менаџмент на Топџиите не може да биде подалеку од тоа, со менаџер кој покажува чудно чувство на самодоверба и покрај тоа што има освоено само еден ФА Куп за повеќе од пет години во клубот. 
 
Се очекуваше оваа сезона да ја освојат лигата поради падот во форма на Манчестер Сити, наместо нив, Ливерпул ја освој титулата и е најдобар тим во Англија, нешто што Артета се чини дека го негира.