Навивачите на Милан приредија спектакл по пласманот во ЛШ

Милан во драматичната завршница на италијанското првенство во последното коло избори пласман во Лигата на шампионите, во која се враќа по цели седум години.

Навивачите на Милан бурно го прославија тој успех, а славјето продолжи и во деновите по завршувањето на првенството.

Најжестоките навивачи на клубот од Милано дојдоа пред клупскиот тренинг центар и со песна и факли уште еднаш му честитаа на клубот на големиот успех. Навивачите запалија неколку десетици факли, а потоа пред нив се појави и Паоло Малдини, кој се заблагодари на големата поддршка.