Навивачите на Фенер преку СМС пораки собираат средства за платата на Озил
Месут Озил и официјално стана нов играч на турски Фенербахче, а добар дел од неговата плата ќе биде платена преку навивачите, тврди претседателот на клубот Али Коч. Озил потпиша договор од три и пол години, а неделно ќе добива плата од 67 илјади евра. Со тоа, ќе добие и бонус од пет милиони евра, а тоа и понатаму е доста помала плата од таа во Арсенал. Но, и Фенербахче не е во најдобра финансиска состојба. Затоа, Коч ја започна акцијата преку која навивачите со испраќање на СМС пораки ќе можат да го поддржат клубот. Една порака донира околу 2 и пол евра на клубот, а веќе досега се испратени 160 илјади пораки. Од тоа, клубот досега заработи нешто повее од 325 илјади евра. „Се надевам дека би можеле да стигнеме до бројката од милион СМС пораки.“ – вели Коч.