Навивачот кој влезе в терен на Мундијалот ослободен без обвинение
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2022/11/fan-katar-1024x682.jpg)
Конзулот на Италија во Катар, Енрико Маса, изјави дека неговиот сонародник, кој истрча на теренот со знаме од виножито за време на натпреварот на Светското првенство меѓу Португалија и Уругвај, е ослободен. Самиот навивач на една од социјалните мрежи потврди дека неговото дело не повлекувало никакви правни последици.
„Младиот навивач кој го предизвика инцидентот беше ослободен веднаш по натпреварот, без обвинение. Други информации нема да бидат откриени поради лична доверливост“, изјави Енрико Маса.
Инцидентот се случи во второто полувреме од средбата. Навивачот истрча на теренот со знаме со виножито на кое пишуваше PACE (Знаме на мирот), а на маицата на мажот стоеше зборовите „Save Ukraine“ и на задната страна: „Respect for Iranian Woman“. Навивачот кој влезе на теренот веднаш беше изнесен од теренот, а екипите ја продолжија играта.