Нагелсман го враќа Хумелс во германската репрезентација

По доаѓањето на Јулиан Нагелсман на кормилото на германската репрезентација, ќе се случат одредени промени.

По неуспехот со Ханси Флик, германската федерација го ангажира Нагелсман во кој веруваат дека може да ја развие репрезентацијата на едно завидно ниво. „Билд“ открива дека Нагелсман веднаш откако станал селектор на Германија, повикал еден фудбалер кој го нема веќе извесен период во репрезентацијата.

Станува збор за Матс Хумелс, кој претходно беше во милост и немилост на Ханси Флик, но сега веројатно среќата повторно ќе му се насмее.

Хумелс е столб на одбраната на Борусија Дортмунд, па со неговото враќање во репрезентацијата, се очекува Нагелсман да добие стабилност во првиот ешалон.