Нагелсман е најмладиот тренер со 100 победи во Бундеслигата

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман стана најмладиот тренер со 100 победи во германската Бундеслига.

Нагелсман овој успех го постигна со победата на неговиот Баерн против Мајнц со 2:1 на домашен терен. Со оваа победа екипата на Баерн Минхен го задржа првото место на табелата со предност од 6 бода пред Борусија Дортмунд.

Јулијан Нагелсман има само 34 години и 141 ден, а неговата прва победа во Бундеслига исто така ја забележа против екипата на Мајнц, во периодот кога беше тренер на Хофенхајм.