Нагелсман: Не победивме, но ова беше нашиот најдобар натпревар сезонава

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман ја критикуваше арбитражата на натпреварот против Борусија Менхенгладбах, кој заврши 1-1. Баварците создадоа огромен број на шанси, но не можеа да ги освојат сите три бода на оваа средба, а Нагелсман не беше задоволен од некои одлуки на судијата Даниел Шлагер.

„Имавме 35 удари, што не е лошо. Лут сум затоа што одигравме добро и судијата ги решаваше сите контроверзни ситуации во корист на нашиот противник. Единственото нешто за што можам да ги обвинам играчите е што не ги искористивме нашите многубројни можности за гол. Ужасна работа на судиите. Имаше околу 20 прекршоци кои можеа да поминат во секој случај, но секогаш беа досудени за Борусија. Сега веројатно ќе ме казнат“, изјави Нагелсман и додаде дека без разлика на резултатот ова е најдобриот натпревар на Баерн од почетокот на сезоната.