Нагелсман прв пик ако Баерн остане без Флик
Баерн Минхен ќе се обиде да го убеди тренерот на РБ Лајпциг Јулијан Нагелсман да го преземе тимот доколку Ханзи Флик замине од „Алијанц Арена“. Баварците немаат желба да се разделат со нивниот сегашен тренер, но тој може да ја преземе репрезентацијата на Германија. Откако Јоаким Лев најави заминување по ЕП кое се одржува ова лето, тамошната федерација бара опции за негова замена и Флик е меѓу фаворитите. Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ веќе стапи во контакт со претставниците на Нагелсман за да ја испита можноста тој да го преземе тимот. Тенерот има договор со Лајпциг до 2023 година, но Баварците можат да го привлечат за одредена сума, а се споменува 10 милиони евра. 33-годишниот тренер беше опција за шампионот на Германија и Европа дури и по отказот за Нико Ковач. Нагелсман исто така беше поврзуван со работа во Барселона, Тотенхем и Челзи. Според „Билд“, тој се чувствува одлично во Лајпциг, но можноста да го предводи Баерн можеби е премногу примамлива.