Нагелсман фаворит за наследник на Карик

Мајкл Керик по се изгледа ќе замине од Манчестер Јунајтед а меѓу имињата што се споменуваат за замена е и германскиот стратег Јулијан Нагелсман.
Според информациите, во раководството на англискиот клуб постојат различни мислења за тоа кој би бил најдобриот наследник на Керик.
Спортскиот директор Џејсон Вилкокс наводно го фаворизира тренерот на Брајтон, Фабијан Хирцелер, додека директорот за регрутација Кристофер Вивел го посакува Нагелсман.
Притисокот врз Керик дополнително се зголеми по убедливиот пораз од 4-1 на гостувањето кај Комо во Лигата на шампионите.
Слабите резултати и серијата натпревари без победа отворија прашања за неговата иднина на „Олд Трафорд“.