Нагелсман ја дозна казната за инцидентот во Менхенгладбах

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман ја доби казната за своето однесување и потези по поразот од Борусија Менхенгладбах во Бундеслигата.

Нагелсман беше лут и бесен поради црвениот картон за Упамекано и остро го критикуваше судијата Тобијас Велц за да потоа сфати дека претерал и јавно се извини.

„Емоциите припаѓаат на спортот. Но, морам да се извинам за изборот на зборови против судијата“, напиша на Твитер.

Токму ова по се изгледа и спречи поголема казна, па така Нагесман ќе плати само 50.000 евра, односно ќе може да биде активен на клупата што дефинитивно е од голема важност за баварците кои во новото коло ги очекува дербито со Унион Берлин.