Наградна игра „ТОП ТИКЕТ ЗА ТОП ОДМОР“

Евротип секогаш знае што е најдобро за своите играчи и затоа подготви нова наградна игра која им нуди на учесниците шанса да освојат една од трите награди:

1.            Ваучер за годишен одмор од 90.000 денари

2.            Електричен велосипед и

3.            Sony PlayStation + FifaC 24

Со наградната игра која ќе трае од 1-ви до 31-ви август 2024 година, Евротип ви нуди можност да станете добитник на Топ Одмор освојувајќи ја главната награда – ваучерот за годишен одмор кој се доделува во соработка со туристичката агенција ЈК Травел.

Се што треба еден типувач да направи за да учествува во наградната игра е да уплати тикет во едно од уплатните места на Евротип Спортските Обложувалници и при уплатата да ја користи својата Евротип клуб картичка. Во наградната игра учествуваат тикети од една комбинација односно системски тикети не учествуваат.

Добивките се доделуваат на првите три тикети со погоден најголем коефициент на добитен тикет.

Право на учество во играта имаат само полнолетни лица со валиден документ за идентификација и утврдување на полнолетноста и кој се придржува на официјалните правила на самата наградна игра.

Уплати Топ Тикет и освој Топ Одмор!

Правила за приредување на наградна игра:

Член 1

Назив и седиште на трговското друштво

Приредувачот на Наградната игра е Друштво за производство, трговија и услуги КЛУБ СПОРТ 77 увоз-извоз ДОО  Битола, со седиште на ул. Даме Груев бр.70, 7000 Битола, Македонија со ЕМБС: 6462278 (во понатамошниот текст:,,Приредувачот’’).

Член 2

Цел на Наградната игра

Наградната игра се приредува и спроведува со цел рекламирање на услугите кои ги врши Приредувачот,, КЛУБ СПОРТ 77 ДОО Битола’’.

Член 3

Име, опис, податоци за наградите и времетраење на Наградната игра

Официјално име на наградната игра е “ТОП ТИКЕТ ЗА ТОП ОДМОР”.

Наградната игра започнува на 01.08.2024 година од 07:00 часот, а ќе трае заклучно со 31.08.2024 година до 23:59 часот, при што последниот одигран пар на тикетот мора да биде со решен статус (последниот одигран пар на тикетот мора да биде завршен) до 31.08.2024 година до 23:59 часот;

ТОП ТИКЕТ ЗА ТОП ОДМОР е наградна игра со која на учесниците кои ги исполнуваат подолу наведените услови, и се во првите 3 позиции на ранг листата им се доделуваат 3 награди:

ТИП НА НАГРАДА ЦЕНА БЕЗ ДДВ КОЛИЧИНА ЦЕНА СО ДДВ
JK TRAVEL GIFT VOUCHER 90.000,00 1 90.000,00
MS ENERGY eVelosiped c11 44.066,95 1 51.999,00
Sony PlayStation 5 Disc Edition Slim Console 28.728,81 1 33.900,00

Согласно со претходно наведеното, вкупната вредност на добивките односно фондот на награди во Наградната игра е 175.899,00 денари со пресметано ДДВ.

Член 4

Место на спроведување, учество и услови за учество на наградната игра

Наградната игра се спроведува на територијата на Република Северна Македонија во сите уплатни места (Подружници) на Приредувачот КЛУБ СПОРТ 77 ДОО БИТОЛА кои го носат називот ЕВРО ТИП.

Учесникот на наградната игра треба да ги исполнува следниве услови:

Да е полнолетно лице  (македонски државјанин) кој со себе носи валиден документ за идентификација и утврдување на полнолетноста и кој се придржува на официјалните правила на игри на среќа кај приредувачот.

Во наградната игра учествуваат тикети кои ги исполнуваат следните услови:

  • Тикети уплатени и евидентирани на клуб картичка
  • Тикети од една комбинација (системски тикети не учествуваат)

Последниот одигран пар на тикетот мора да биде со решен статус (последниот одигран пар на тикетот мора да биде завршен) до 31.08.2024 до 23:59 часот;

Учесниците со еден ист идентичен тикет може да учествуваат само за една награда.

Тикети со Cash Back добивка не учествуваат во наградната игра.

Се забранува учество во Наградната игра на сите лица кои се вработени кај Приредувачот и на членовите на нивното потесно семејство.

Член 5

Утврдување на добитниците на награди

Утврдувањето на добитниците на наградите  ќе се спроведи на начин што приредувачот ги евидентира сите добитни тикети кои ги исполниле условите и правилата (член 4) на наградната игра.

Секој добитен тикет кој ги исполнува условите и правилата за учество во наградната игра според погодениот коефициент се рангира на ранг листа која се води софтверски.

Добивките се доделуваат на првите три тикети со погоден најголем коефициент на добитен тикет.

Приредувачот е должен да ја објавува и ажурира ранг листата на учесници и истата да ја прикажува и објавува на веб сајтот www.evrotip.mk

Утврдувањето на добитниците ќе биде софтверски и истото ќе се одржи на ден 02.09.2024 во 13:00ч во административните простории на КЛУБ СПОРТ 77 ДОО Битола на ул.Бул 1-ви мај бр.344.

Утврдувањето на добитниците го врши комисија во состав од 3 члена од вработените лица кај приредувачот и истото ќе биде врз основа на конечната ранг листа.

За изборот на комисијата се составува записник.

– Добитник на наградата – GIFT VОUCHER од ЈК Травел во износ од 90.000,00 денари е оној учесник кој со добитен тикет кој ги исполнуваат условите и правилата на наградната игра е на првата позиција на листата за рангирање;

– Добитник на наградата – MS ENERGY eVelosiped c11 во износ од 51.999,00 денари е оној учесник кој со добитен тикет кој ги исполнуваат условите и правилата на наградната игра е на вторaтa позиција на листата за рангирање;

– Добитник на наградата – Sony PlayStation 5 Disc Edition Slim Console во износ од 33.900,00 денари е оној учесник кој со добитен тикет кој ги исполнуваат условите и правилата на наградната игра е на третата позиција на листата за рангирање;

Во случај на два или повеќе учесници со еднаков погоден коефициент на добитен тикет, повисоко рангиран на ранг листата ќе биде оној учесник кој прв го уплатил тикетот.

Учество на наградната игра може да има секој полнолетен играч кој се придржува на основните правила на игри на среќа во обложувалница  на КЛУБ СПОРТ 77 ДОО БИТОЛА.

Член 6

Објавување резултати

Тековните потенцијални добитници ќе бидат навремено и транспарентно системски прикажани на Веб страната на приредувачот Евротип www.evrotip.mk по пат на системски софтвер на претходно проверени тикети кои ги исполнуваат условите и правилата на наградната игра, на социјалните мрежи, како и на огласна табла во сите уплатни места (подружници).

Официјалните резултати од наградната игра ќе бидат објавени најдоцна 3 часа по утврдувањето на добитниците, односно на  02.09.2024 во 16:00ч.

Член 7

Начини и рок на остварување на добивките

Добивките односно наградите ќе му бидат доделени на добитниците во рок од 7 дена од  денот на објавувањето на официјалните резултати од наградната игра. Доделувањето на наградите ќе се врши исклучиво на носителите на клуб картичката со која учествувале во Наградната игра.

Член 8

Право на приговор

Секој учесник во наградната игра има право да поднесе приговор до Приредувачот во рок од 3 дена од денот на објавувањето на резултатите од Наградната игра, а Приредувачот ќе одговори по приговорот во рок од 2 дена од денот на неговиот прием.

Приговорите се доставуваат во затворен коверт со назнака: ,,Приговор за Наградната игра „ТОП ТИКЕТ ЗА ТОП ОДМОР” и истиот треба (може) да биде доставен во било кое уплатно место (подружница) или по пошта со препорачана пратка на адреса на седиштето на Приредувачот, ул.Даме Груев бр.70, 7000 Битола-Македонија.

Член 9

Запознавање на учесниците со правилата на игра

Наградната игра задолжително ќе се рекламира во секој од наведените уплатни места (подружници) каде што и се организира и спроведува.

Покрај ова приредувачот може да  ја рекламира наградната игра и на други прикладни места, на рекламни паноа (Билборди), во медиумите, по избор на приредувачот.

Правилата на наградната игра ТОП ТИКЕТ ЗА ТОП ОДМОР ќе бидат објавени на ВЕБ страната на КЛУБ СПОРТ 77 – www.evrotip.mk, во просториите на сите уплатни места (подружници) каде што и се организира и спроведува истата како и во едно од средствата за јавно информирање, пред почетокот на наградната игра, а по добивањето согласност од Министерството за финансии на Република Северна Македонија.

Член 10

Одговорност

Добивките на наградната игра ќе бидат обезбедени од Приредувачот на наградната игра (ДПТУ КЛУБ СПОРТ 77 ДОО Битола).

Приредувачот ќе биде одговорен за целосна реализација и исплата на наградите.

Со исплатата на наградите, престануваат сите обврски на Приредувачот на наградната игра спрема добитниците.

Резултатите од  наградната игра ТОП ТИКЕТ ЗА ТОП ОДМОР ќе бидат објавени на ВЕБ страната на КЛУБ СПОРТ 77 – www.evrotip.mk, во просториите на сите уплатни места (подружници) каде што се организира и спроведува истата како и во едно од средствата за јавно информирање, по завршувањето на истата.

Член 11

Откажување на наградната игра

Наградната игра може да биде откажана во случај на виша сила, само со поднесување на образложено барање до Министерство за финансии и по добивање на одобрение од Министерството за финансии.

Приредувачот за тоа треба да ги информира учесниците преку медиумите.

Член 12

Евентуални спорови

Во случај на евентуални спорови помеѓу Приредувачот и учесниците надлежен  ќе биде  Основен суд Битола.