Наградниот фонд за женскиот Мундијал значително зголемен
Наградниот фонд на претстојното Светско првенство за жени ќе изнесува 100 милиони евра, што е за 300% повеќе од наградниот фонд на последното Светско првенство 2019 година. Тоа го пренесува „Мундо Депортиво“ повикувајќи се на ФИФА.
ФИФА одлучи дел од парите директно да ги додели на учесниците на Мундијалот, а не на федерациите. Секој играч кој ќе учествува на Светското првенство загарантирано ќе добие 27.000 евра. Сите членови на победничкиот тим ќе добијат загарантирана исплата од 247.000 евра. Сепак, наградниот фонд на Светското првенство за жени, зголемен за 300%, и понатаму е четири пати помал од износот на машкиот турнир, кој, според изворот, изнесувал околу 400 милиони евра (СП 2022).
Светското првенство за жени ќе се одржи од 20 јули до 20 август во Австралија и Нов Зеланд. Актуелен победник на турнирот е тимот на САД.