Надал: Ако сакаше Новак без проблеми ќе играше на Австралија опен

Рафаел Надал порача дека Новак Ѓоковиќ мора да се соочи со последиците поради тоа што донел одлука да не се вакцинира.

Ѓоковиќ добил „медицински исклучок“, но властите во Австралија не му дозволуваат да влезе во земјата поради не доволно силните докази дека не смее да се вакцинира. Така Ѓоковиќ остана без виза и во овие моменти престојува во хотелот „Парк Ројал“ кој е наменет за азиланти од различни делови од светот.

„Немам мислење за тоа. Мислам дека ако сакаше ќе играше во Австралија без проблеми. Донесе некои свои одлуки, секој е слободен да носи одлуки по негово лично убедување, но мора и да биде спремен да ги сноси последиците“.

„Секако дека не ми се допаѓа ситуацијата. Не некој начин и ми е жал. Сепак, истовремено, тој ги знае условите од пред неколку месеци“, изјави Надал.

На социјалните мрежи се појави и првата снимка од Ѓоковиќ во хотелот.