Надал веќе има нов план, го шири ланецот на хотели ширум светот

Само неколку дена откако официјално ја заврши кариерата и се пензионираше, Рафаел Надал ја донесе првата деловна одлука и најави нова локација за изградба на својот хотел.

Надал не мораше долго да чека за да направи големи чекори по повлекувањето од тенисот, бидејќи неговиот синџир хотели „ZEL Born“ најави нова локација за еден од неговите хотели во Доминиканската Република.

Рафа го основа овој синџир хотели минатата година, заедно со Габриел Ескарер, директор на Melia Hotels International, а нивната визија беше инспирирана од традиционалните медитерански куќи и нивната култура на живот на отворено.

Новиот луксузен хотел ЗЕЛ Пунта Кана ќе биде лоциран на плажата Кортесито, на прекрасниот брег на Бавара, кој е идилична дестинација за секој патник кој сака да ужива во песочните плажи и кристално чистото море. Хотелот кој располага со 190 соби е трет по ред по отворањето на ЗЕЛ Мајорка лани и ЗЕЛ Коста Брава на почетокот на летово – се вели во соопштението.

Иако официјално не потврди, се добива впечаток дека Надал ќе се занимава со хотелиерство по неговото повлекување од играњето. Да потсетиме, тој неодамна беше поразен од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп на стартот од Дејвис купот, а на првиот чекор испадна и самата Шпанија.