Надал вложува богатство во хотелиерскиот бизнис во Аргентина

Рафаел Надал влезе во светот на хотелскиот бизнис, подготвен да инвестира повеќе од 200 милиони долари.
По завршувањето на богатата и успешна тениска кариера, Надал целосно се посвети на разни проекти надвор од теренот.
Покрај неговата позната тениска академија, една од најпочитуваните во светот, и неговиот личен бренд на спортска облека, тој сега се впушта во голем инвестициски потфат – изградба на луксузни хотели во Аргентина.
Како што потврди аргентинскиот секретар за туризам, Даниел Чоли, поранешниот светски број еден планира да изгради дури седум објекти преку хотелскиот синџир „Манакор“ на атрактивни туристички локации: Барилоче, Ел Калафате, Игуасу, Мендоза, Посадас, Салта и Ушуаја.
Првиот хотел ќе биде изграден во Ел Калафате, а според бизнис плановите, треба да биде завршен до 2026 година.