Надал го заврши настапот на УС Опен

Шпанскиот тенисер Рафел Надал го заврши учеството на Гренд Слем турнирот во Њујорк откако во битката за пласман во четвртфиналето беше поразен од Американецот Френсис Тијафо со 3:1 во сетови.

24-годишниот Тијафо е првиот Американец кој стигна до четвртфиналето на УС Опен после Џон Иснер во 2018 година.

Надал со овој пораз ја прекина низата од 22 победи на гренд слем турнирите и нема да биде во можност да да ја освои својата 23 титула во кариерата.

Тијафо во четвртфиналето ќе игра против Русинот Андреј Рубљов.