Надал го заврши учеството на Австралија опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да ја одбрани титулата на грен слем турнирот во Мелбурн, бидејќи доживеа пораз во второто коло од Американецот Мекдоналд со 3:0 во сетови.
Надал доживеа повреда во завршицата на вториот сет, после што имаше проблеми со движењето и трчањето, но сепак успеа да го заврши мечот.
„Ова е тежок момент за мене, но мора да ја прифатам реалноста и да продолжам понатаму. Размислував за предавање на дуелот поради повредата, но сакав да го завршам мечот и успеав во тоа“, истакна Надал.