Надал го откажа учеството во Монтреал

Шпанецот Рафаел Надал нема да настапи на турнирот од Мастерс серијата во Монтреал кој се одржува од 8. до 14. август.
Причината за откажувањето на Надал е тоа што тој уште се опоравува од повредата на стомачниот мускул која ја заработи на Вимблдон. Иако од тогаш помина скоро еден месец, Надал и понатаму има проблеми. Шпанскиот тенисер објави дека сеуште чувствува болки за време на сервирањето.