Надал го откажа учеството на Мастерсот во Синсинати

Рафаел Надал го вклучи алармот со последната одлука која ја донесе ова попладне, бидејќи неполн ден по откажувањето на настапот во Торонто, шпанскиот тенисер се откажа и од следниот голем турнир кој е на програмата.
Надал има проблеми со стапалото поради кои ги пропушти Вимблдон и Олимписките игри, па и покрај тоа што велеше дека ситуацијата е подобра по првата победа во Вашингтон, очигледно е дека неговата состојба не е идеална.
Пред новиот дуел со Херис, Надал вчера се повлече и истакна дека поради болки во стапалото нема да излезе на теренот во Канада, а денеска со официјално соопштение излегоа и организаторите на Синсинати.