Надал го пропушта Ролан Гарос и најави пензија во 2024 година

Актуелниот шампион на Ролан Гарос, шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека нема да настапи на претстојниот Гренд слем турнир во Париз и дека очекува да се пензионира од професионалниот тенис во 2024.година.

„Природата на повредата која ја заработив во Австралија се покажа како посериозна од очекуваното. Во овој момент мојот настап на Ролан Гарос е невозможен. Немам намера да продолжам со игра во наредните неколку месеци. Се надевам дека ќе заиграм за Шпанија во Дејвис купот кој се одржува во септември. Мојот план е наредната година да бидам подготвен 100% и верувам дека 2024 година ќе биде моја последна година во професионалната кариера“, стои во објавата на Надал.