Надал го чека нова пауза, Шпанецот шест недели надвор од терените
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се соочува со нова повреда на грбот и, како што пренесуваат медиумите од Шпанија, не е исклучено да ја продолжи паузата уште неколку недели.
Каталонскиот весник „Спорт“ повикувајќи се на свои извори, наведува дека носителот на 22 грен слем титули би можел да помине уште шест недели надвор од терените, што значи дека покрај Мастерсот во Монте Карло, би ги пропуштил и турнирите во Мадрид и Барселона.
Очигледно, Надал би можел да се врати на терените со учество на Мастерсот во Рим, кој започнува на 6 мај. Две недели подоцна започнува Ролан Гарос, турнир кој Рафа го има освоено дури 14 пати